X
 02.04.2017 Образование

Бесплатни онлајн курсеви кои започнуваат од овој месец

Темата на бесплатните онлајн курсеви во април, има поразлична природа поврзана со бизнисот. Така на пример, можете да се запишете на курс за интеркултурен менаџмент кој ќе ве научи како да изградите врски на лично ниво и на професионално ниво.

курсеви
Фото: Flickr

Тоа и не е така лесно, со оглед на јазичните бариери, историјата, системите на верувања, социјалните пракси и претпоставките вградени во една култура.

Природно, културите ги гледаат нивните начини за извршување на одредени работи, како златен стандард - и ги мерат алтернативите според нив. Со тоа, се раѓа недоразбирање и отпор - особено кога една култура е игнорирана, а нејзините суштински вредности се предизвикани.

Токму затоа овој курс е вреден. Ефективната комуникација е доволно тешка во хомогените организации. Клучот во добивањето на вредност од разновидноста е добриот менаџмент, а тоа започнува со сфаќање на реченицата: „она што функционира тука, може да не функционира таму“.

За да немате никакви дилеми и да бидете подобри во вашиот бизнис, одлучете се за некои од овие курсеви:

Маркетинг


Бабсон Колеџ, 25 април: „Marketing Fundamentals: Who Is Your Customer?“

Универзитетот Нортвестерн, 3 април: „Content Strategy For Professionals: Managing Content“

Вартон, 10 април: „Viral Marketing and How to Craft Contagious Content

Универзитетот во Рочестер, 3 април: „Technology Commercialization, Part 1: Setting up your Idea Filtering System“

Универзитетот во Илиноис, 10 април: „Subsistence Marketplaces“

Менаџмент


ЕSCP Европа, 5 април: „Intercultural Management“

IESE Бизнис училиште, 10 април: „Strategy and Sustainability“

„ESSEC Бизнис училиште, 10 април: „Diversity and inclusion in the Workplace“

Институтот за технологија во Масачусетс: „Becoming an Entrepreneur“

IE Бизнис училиште, 3 април: „Critical Perspectives on Management“

Универзитетот Нортвестерн, 10 април: „Leadership Through Design Innovation“

Финансии


HEC Париз, 10 април: „Investment Management in an Evolving and Volatile World“

Операции

Универзитетот Нортвестерн, 3 април: „Scaling Operations: Linking Strategy and Execution“

Институтот за технологија во Масачусетс, 5 април: „Supply Chain Design“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование