Обемните студии спроведени меѓу 19 илјади работници покажале дека на секое работно место постојат четири типа на личности: пионери, чувари, локомотиви и дипломати. Вештина е да се знае како да се искористат нивните особини.
Секој човек е посебна индивидуа, но сите имаме и сличности, барем на работните места. Така покажуваат резултатите од најновата студија.
Пионери – Сакаат да ризикуваат, им веруваат на инстинктите, ги привлекуваат нови, свежи идеи, ја гледаат пошироката слика, спонтани се, лесно се прилагодуваат, имагинативни, внесуваат енергија во тимот.
Чувари – Носат ред во организацијата, стабилни се, практични, не ризикуваат, сакаат да работат со бројки и факти, одлични се на работни места кои бараат детали, чувствителни се, учат од сопствените грешки, лојални се и практични.
Локомотиви – Сакаат предизвици, резултати, победа, имаат добра концентрација, натпреварувачки дух, љубопитни се, а мана им е тоа што светот околу себе го гледаат низ црно-бела призма.
Дипломати – Најважни им се добрите односи во тимот, а целта им е хармонија и консензус. Сочувствуваат, емпатични се и не сакаат судири.
Добрите менаџери се обидуваат во тимот да имаат од сите типови на работници и знаат да ги искористат нивните предности, а да ги олеснуваат нивните слабости. На пример, чуварите се најмалку склони кон побуна во еден колектив, а дипломатите се под најголем стрес. Затоа на овие типови работници треба да им се даде шанса да бидат самостојни наместо да се инсистира на тимска работа. Пионерите би требало да се набљудуваат, бидејќи можат да ги прејдат границите. На локомотивите е важно прецизно да им се објасни како да дојдат до резултати, бидејќи ќе бидат мотивирани за работа.