X
 04.02.2017 Наука

Студија: Целосно парализирани луѓе прозбореле преку компјутер

Луѓето кои се парализирани и се наоѓаат во речиси вегетативна состојба не можат да направат ни најмал потег со очите. Иако ситуацијата изгледа речиси безнадежно, научниците за прв пат успеале да овозможат комуникација со ваквите луѓе преку компјутерски интерфејс за мозокот.


Со оваа студија, научниците од Швајцарија, испитувале четири лица со различни видови болести на мозокот и комплетирани биле од 20 до 46 сесии. На луѓето им биле поставувани прашања кои како одговор барале „да“ или „не“. Се работи за директна комуникација помеѓу мозокот и компјутер – уред кој ја детектира активноста во мозокот и ја преведува во порака. Уредот не бара контрола на мускулите за да функционираш што е особено погодно за оние со целосна парализа.

Се користеле инвазивни методи, каде што електроди биле имплантирани директно во мозочното ткиво, што се спроведува само преку операција. Со тоа, пациентите можеле да даваат одговор со тоа што го фокусирале своето внимание на специфичен начин, што предизвикувал два различни шаблони на промени на нивото на кислород кои може да бидат класифицирани од уредот.

Научниците сметаат дека со ова барем малку ќе се подобри квалитето на животот на ваквите луѓе, а и ќе предизвика задоволство кај нив и нивните блиски. Со понатамошниот развој на оваа метода, веројатно е дека ќе може да се постигне напредок на ова поле.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука