X
 10.04.2017 Култура

Најбезбедните, најевтините и најчистите градови во светот

Извештајот за глобалната конкурентност од Светскиот економски форум кој се објавува на секои две години покажува дека земјите на Европа се во предност на листата на земји со најсилниот туристички сектор.

град
Фото: Thinkstock

Истражувањето опфати 136 земји од светот, а рангирањето е направено врз основа на проценките за безбедност на туристите, природните ресурси, сигурноста на инфраструктурата, хигиенските услови и цената.

На секоја земја ѝ се доделени помеѓу 1 и 7 бодови, при што оценката 7 е највисоката оценка. Ова се земјите со најдобри услови за туристи:

13. Сингапур - 4.85; Во градот кој годишно го посетуваат повеќе од 15 милиони туристи, скоро 200.000 посетители бараат лекарска помош.

12. Австрија - 4.86 - Со придонес од 9% од БДП, меѓународниот туризам е една од најважните индустрии во земјата. Само Виена годишно привлекува околу 4 милиони туристи.

11. Хонг Конг - 4.86 - Само 2014 година година, туристите во Хонг Конг донеле 35 милиони евра.

10. Швајцарија - 4.94 - Туризмот, кој тука воглавно се заснова на рекреативни активности како што е скијањето и планинарењето, е многу важно за швајцарската економија.

9. Канада - 4.97 - Многу туристи ја сакаат Канада поради нејзините прекрасни пејзажи, одлична клима и култура.

8. Италија - 4.99 - Со повеќе од 50 милиони туристи годишно, Италија е петтата најпосетена земја во светот, која секоја година станува побогата за околу 175 милијарди евра. Туристите ја посетуваат Италија поради нејзината уметност, кујната, историјата и културата, но и поради живописното крајбрежје и плажите.

7. Австралија -
5.10 - Туристите сакаат да одат во Австралија поради благата клима, големиот број природни резервати и живите градови. Големиот корален гребен, Мелбурни Перт се некои од најпосетените дестинации.

6. Америка - 5.12 - Америка привлекува доста голем број туристи во светот. Туристите сакаат да ги посетуваат Големиот Кањон и Јелоустоун, а некои од омилените градови им се Чикаго, Њујорк и Сан Франциско.

5. Велика Британија - 5.20 - Приходите од туризмот сочинуваат 9% од БДП на оваа земја, а скоро 10% од сите работни места се токму во оваа индустрија.

4. Јапонија - 5.26 - Популарноста на оваа дестинација меѓу туристите постојано расте, па во 2016 година ја посетија 24 милиони туристи.

3. Германија - 5.28 - Германија е седма најпосетена земја во светот, а нејзиниот главен град, Берлин, е третиот најпосетен град во светот.

2. Франција - 5.32 - Оваа западноевропска земја е позната како глобален центар на уметноста, науката и филозофијата, па затоа не е чудно што годишно привлекува повеќе туристи од било која друга земја во светот.

1. Шпанија - 5.43 - Поради своите прекрасни крајбрежја, интересна архитектура, богата култура и историја, оваа земја е една од најпопуларните туристички дестинации во светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура