Поларната светлина, позната и како аурора бореалис, долго време воодушевува со својата убавина. Луѓето патуваат далеку специјално за да бидат сведоци на овој природен феномен. Најпопуларни дестинации се Норвешка, Шведска и Данска. Но, овие скандинавски земји не се единствени места каде што може да се види аурора бореалис. Ова се петте места на кои исто така може да се ужива во овој природен феномен.
Черчил, Манитоба, Канада
Черчил е канадската верзија на Скандинавија кога станува збор за поларната светлина. Градот се наоѓа во Северна Манитоба на реката Черчил. Овде може да видите поларна светлина во период од 300 дена во годината. Најдобро е да се патува во Черчил во студените месеци, од февруари до март. Температурата може да падне до -30 Целзиусови степени во овој период.
Фото: Черчил, Канада/Pixabay
Фербанкс, Алјаска, САД
Оваа локација се наоѓа блиску до Северниот Пол и претставува популарна новогодишна дестинација. Фербанкс е познат и по своите активности за посетителите, како патување со тренирани хаски или риболов на мраз. Најдобро време за посета е од август до април.
Фото: Фербанкс, САД/Pixabay
Илулисат, Гренланд
Според верувањата на мештаните, аурора бореалис се магични светла кои ги претставуваат нивните предци како играат фудбал со скелет од морж. Најдобро време за гледање аурора бореалис е во текот на есента и зимата, односно од август до средина на април.
Фото: Илулисат, Гренланд/Pixabay
Рованиеми, Финска
Главниот град на најсеверната провинција во Финска, Лапонија, е познат како домот на Дедо Мраз, но и по аурора бореалис. Во градот може да престојувате во игло, а може и да се посетат многу научни центри и музеи. Музеjот „Арктикум“ е посветен на поларната светлина, историјата на Лапонија и настаните во арктичкиот регион. Најдобар период за посета е од крајот на август до почетокот на април.
Фото: Рованиеми, Финска/Pixabay
Оркни, Шкотска
Кој би рекол дека во Шкотска може да се види аурора бореалис? Оркни е група на острови која се наоѓа на североисточниот брег на земјата. Тука, аурора бореалис е позната како „весели танчари“ и претставува инспирација за локалните жители во текот на зимата. Луѓето многу ја сакаат и често организираат средби за групно да ги гледаат. Најдобро време за посета е од декември до февруари.
Фото: Оркни, Шкотска/Pixabay
Извор:
luxurylaunches.com