По објавувањето на новиот предводник на паметни телефони во Њујорк минатата недела – Галакси S8, корисниците наишле на мал проблем во безбедносната функција за препознавање на лица.
Фото извор: Telefon Fiyatı
Ова својство дозволува
телефонот да се отклучи откако предната камера ќе го скенира ликот, но системот може да биде измамен со едноставно користење на фотографија од сопственикот на паметниот уред.
На еден “Youtube” канал именуван “iDeviceHelp” својството е тестирано и докажано е дека е далеку од сигурно. Со држење на втор телефон на кој има „селфи“ фотографија од ликот на екранот, корисникот може лесно да го отклучи телефонот.
Со фактот дека има неколку недели додека уредот да дојде до продавниците, Самсунг може потенцијално да го надгради софтверот на телефонот до тогаш. Сепак далеку од идеално е за технолошкиот гигант да ја стави под знак прашалник безбедноста и довербата на потрошувачите во центарот на маркетинг кампањата за новиот уред.
Една од главните карактеристики на новиот телефон е вештачката интелигенција во вид на гласовна асистентка наречена “Bixby”.