X
 23.05.2018 Технологија

„Инстаграм“ воведува интересна функција за сите интернет-зависници

Минатата недела „Инстаграм“ најави воведување на посебна функција за увид во употребата што помага за подобро следење колку време корисниците трошат на оваа апликација. Компанијата одлучила да воведе уште една слична функција што ќе ги предупреди корисниците дека погледнале сè што има да понудат профилите на пријателите.

инстаграм
Фото: Profimedia


Откако хронолошкиот преглед на објавите беше префрлен во алгоритамски, креаторите на „Инстаграм“ им го загорчија животот на корисниците на кои им е сè потешко да ги пронајдат објавите на пријателите и познајниците. Поради ова дојде до постојано „скролање“ со кое корисникот ги бара објавите што можеби ги пропуштил.

За да го реши проблемот, „Инстаграм“ тестира нова функција што на корисникот ќе му даде до знаење дека погледнал сè. Откако корисникот ќе ја види целата содржина што ја споделиле неговите пријатели во изминатите 48 часа, ќе добие порака на екранот: „Ги прегледавте сите објави во изминатите 48 часа“.

Бидејќи станува збор за тестирање, сè уште не е познато кога ќе биде неговото доаѓање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија