X
 26.07.2019 Технологија

Човекот кој го овозможил ретвитањето се кае за тоа

Крис Ветерел, човекот кој ја создал опцијата за ретвитање, сега посакува да не го направел тоа.

Пред 2009 година луѓето мораа рачно да ги репостираат твитовите на другите луѓе (да го копираат текстот, па да го префрлаат во нов твит, пишувајќи РТ), нешто што барало барем некој свесен напор и мисла. Затоа од „Твитер“ го најмиле Ветерел за да го поедностави процесот - потег за кој сега се вели дека довел до експлозија на дезинформациите на интернет.

Со можноста за ретвитање се овозможи и споделување и проширување на содржина на интернет бидејќи ретвитањето стана поимпулсивно и помалку промислено. Стана поверојатно земањето здраво за готово на дезинформациите бидејќи луѓето автоматски почнаа да кликнуваат за споделување на објавите.

-Можеби штотуку му дадовме наполнето оружје на четиригодишник. Тоа мислам дека всушност го направивме - истакна Ветерел, објаснувајќи што си помислил на времето.

Нештата дојдоа до точка на вриење кога изби „Гејмергејт“ - кампања за вознемирување на девојки и жени од гејмерската заедница. Со една студија беше утврдено дека 217.384 од вкупно 316.669 твитови поврзани со „Гејмергејт“ објавени во 72 часа биде ретвити. Ветерел вели дека „Гејмергејт“ бил хорор за него.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија