Ако се разбирате во компјутери тогаш знаете дека “RAM” (Random Access Memory) меморијата е еден од најважните детали во мозаикот на квалитетен, сигурен и брз компјутер.
Фото извор: thinkstock.com
Последниот стандард моментално е DDR4 RAM меморија чиј развој заврши во 2012, но својата експанзија на пазарот ширум светот го достигна три години подоцна. Сега се припрема DDR5.
Организацијата “JEDEC” која практично е задолжена за стандардизација на компјутерската меморија, неодамна објави на својата официјална страница дека стигнуваат нови стандардни DDR5 RAM мемории. Она што просечниот корисник најмногу го интересира е брзината во однос на моменталните DDR4 и за ова вестите се повеќе од одлични. Имено според изјавите од организацијата брзината ќе се удвои.
DDR5 стандардот се очекува во 2018 година, а на пазарот ќе биде во 2020, затоа што до тогаш сите производители ќе бидат подготвени за производство и дистрибуција. Новата RAM меморија повлекува со себе и други измени затоа што компонентите ќе треба да бидат компатибилни со новите стандарди.