X
 08.04.2017 Живот

Хемискиот напад врз Сирија низ призмата на социјалните медиуми

После нападот со хемиско оружје во северната провинција Идлиб во Сирија, социјалните медиуми беа преплавени со слики кои пренесуваа хуманитарни и политички пораки.

poraki
Фото: Twitter

Во нападот загинаа 86 лица меѓу кои 30 деца. Поголемиот дел од сликите и видеата кои кружат на интернет ги прикажуваат мртвите жртви и оние кои страдаат како последица од нападот.

Голем дел од луѓето нивните профилни фотографии на Фејсбук и Твитер ги променија и поставија жолта боја - бојата која симболизира отровен гас - за да ја покажат нивната свест за инцидентот. Еден сириски новинар изјави дека со тоа ќе се привлече повеќе внимание за приказната.

Другите фотографии вклучуваат илустрација на мртви деца кои се носат на небото од токсични балони означувајќи го нападот како „хемиски масакр“. Сликите потсетуваат на оние споделени после хемискиот напад на Гоута во 2013 година, во кој се проценува дека биле убиени повеќе од 1.000 луѓе.

2
Фото: Facebook

Една од поистакнатите слики во пресрет на нападот ги прикажува лицата на мртвите деца во облик на облаци од чад. Иако оригиналната слика е од напад врз Газа, таа беше искористена за да се пренесе смртта на сириските деца во Идлиб.

4
Фото: Twitter

Американскиот уметник и професор Марк Нелсон, кој црта сцени од сириската војна, сподели неколку од неговите дела, вклучувајќи и слики од децата кои загинале во нападот.

2
Фото: Twitter

Друга слика е карикатура на Ал Џезира која прикажува како сириските деца скокаат во гроб.

3
Фото: aljazeera.net

Се појавија и многу твитови кои го обвинуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад за нападот, вклучувајќи ја и оваа слика од арапски графити на ѕид на кој пишува: „О Башар, го молиме Бога за денот кога ќе посакаш да си мртов, но нема да бидеш“.

3
Фото: Twitter/@Bilalisgoren

Сириската радиостаница „Rozana FM“ сподели слика на која претседателот ги храни бебињата со шише хемиско оружје.

6
Фото:Facebook/Rozana.fm

Некои ја променија илустрацијата нацртана од сирискиот карикатурист Јасер Ахмад, претставувајќи го претседателот како смртта.
7
Фото: Тwitter/@cartoonist_a

Конгресменот Тед Лиеу претстави ливче за „препишување“ за прашањата поврзани со хемиското оружјево Сирија.

7
Фото:Twitter/Ted Lieu
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот