X
 16.05.2017 Живот

Тајната што ја крие затворот Сајднаја во Сиријаа

Сириската влада создала крематориум во воен затвор за да се ослободи од илјадници убиени затвореници, тврди Америка.

1
Фото: Digital Globe

Стејт департментот објави сателитски снимки од објектот за кој вели дека бил користен за прикривање на докази. Групите за човекови права велат дека илјадници затвореници биле малтретирани и обесени во воениот затвор надвор од Дамаск.

Сирија сè уште нема излезено со официјален став, меѓутоа во минатото силно негираше било каква злоупотреба во затворот. Во февруари, „Amnesty International“  соопшти дека се случувало масовно бесење во затворот помеѓу 2011 и 2015 година.

Владата во тоа време ги отфрли овие тврдења како „неосновани“ нарекувајќи ги „лишење од вистината“ и инсистирајќи дека сите егзекуции во Сирија се проследени со соодветен процес.

„Веродостојни извори веруваат дека многу од телата биле ставени во масовни гробници“, вели помошникот државен секретар Стујарт Џонс.

„Сега веруваме дека сирискиот режим има поставено крематориум во затворскиот комплекс Сајднаја, со што се ослободуваат од доказите за посмртните останки од затворениците.

Доказите за криење на крематориумот или маскирањето на масовните убиства во затворот ќе бидат презентирани на меѓународната заедница, вели Г-дин Џонс.

Тој вели дека новите де-класифицирани документи „ги подвлекуваат длабочините во кои замина сирискиот режим, со континуирана поддршка од сојузниците, Русија и Иран“.

2
Фото: Digital Globe

„Фактите кои ги презентираме денес се врз основа на известување од меѓународни и локални невладини организации, прес известувања и сл“, вели тој.

Џонс изјави дека сириската влада ја променила зградата во комплексот Сајднаја за да го поддржи сомнителниот крематориум.

Се проценува дека помеѓу 5.000 и 13.000 луѓе биле егзекутирани во Сајднаја повеќе од пет години. Голем дел од нив страдале од систематска тортура. Секоја недела и често пати два пати во неделата, групи од 20 до 50 луѓе, воглавно приврзаници на опозицијата, биле егзекутирани во целосна тајност во објектот.

Извештајот вели дека убиствата биле овластени од највисоките нивоа на власта, а над 10.000 луѓе биле затворени во текот на шест-годишната граѓанска војна во Сирија.

Ваквите практики се сметаат за воени злосторства и злосторсттва против човештвото.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот