X
 08.04.2017 Наука

Се тестира нов вид на машка контрацепција

Нов производ кој ветува дека би можел да ги замени досегашните средства за контрацепција и заштита од несакана бременост се многу близу до 100% ефективност.

сперматозоиди


Заштитната марка “Vasagel” ќе продава полимерен гел кој се спреми да најде решенија по ниска цена кои биле запоставени од страна на фармацевтската индустрија. “Vasegel” веќе се покажал ефективен во спречување на бременост кај резус мајмуни до 2 години.

Гелот делува како блокатор на каналите низ кои се движи машката семена течност. Ако сте љубопитни да знаете зошто за овој метод било потребно толку време да се измисли, можеби е нешто поврзано со фактот дека материјалот треба да биде инертен, лесно да се инјектира во мал простор, да остане прилично флексибилен и на едно место, и да филтрира спрерматозоиди со максимална ефикасност, без блокирање на протокот за течности.

Овој гел успева во тоа на испитувања спроведени на десетина зајаци, при што нема знаци на сперматозоиди еден месец по завршувањето на постапката, ниту во следните 12 месеци. Исто така 16 возрасни резус мајмуни не успеале да создадат потомство по сезона на парење.

Фондацијата која го развива овој производ се надева дека првите доброволци за тестирање ќе ги има следната година со оглед на тоа дека е докажана како целосно ревирзибилна.

„Резултатите од студијата за ревирзибилност на гелот кај зајаците укажуваат на тоа дека имплантот може да биде отстранет и да резултира со брзо враќање на протокот на сперма“, вели водечкиот истражувач Доналд Валер.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука