X
 23.03.2023 Наука

Во Јапонија откриен нов вид орхидеја чии цветови изгледаат како да се направени од стакло

Понекогаш новооткриените видови цвеќиња се наоѓаат онаму каде што научниците најмалку очекуваат да ги видат - во паркови, градини, па дури и во жардиниери на балкони.

Токму на ова место истражувачите во Јапонија успеале да идентификуваат нов вид орхидеи, чии розово-бели цветови биле толку деликатни и кревки што изгледале како да се од стакло.

Видот орхидеја „Spiranthes“, за кој се сметало дека бил изумрен во Вермонт веќе 120 години, бил повторно откриен од аматер-натуралист.

Новоопишаниот цвет е „сосед“ на популациите на сродни видови орхидеи вообичаени во Јапонија. Неговото откритие е важен потсетник дека непознатите видови често живеат под нашиот нос.

1
Фото:Masayuki Ishibashi

- Разновидноста на семејството орхидеи е неверојатна, а новите откритија како овој вид ја зајакнуваат итноста да се проучуваат и заштитат овие ботанички скапоцени камења - вели Џастин Кондрат, водечки хортикултурист од Смитсонијан гарденс.

„Spiranthes“, орхидеите од овој род, се нарекуваат и „дамски локни“ поради нивната сличност со брановидни прамени коса. Овој вид има централно стебло, околу кое расте спирала од ситни цветови во форма на ѕвонче кои можат да бидат бели, розови, виолетови или жолти.

Според истражувањето, постојат околу 50 вида „Spiranthes“ кои се наоѓаат во Евроазија, Австралија и во Америка, во умерените или тропските региони, а овие цвеќиња во Јапонија се познати стотици години наназад.

- Бевме воодушевени кога идентификувавме нов вид „Spiranthes“ затоа што е најпознатата орхидеја во Јапонија и се негува со векови - вели водечкиот автор Кенџи Суецугу, професор во Одделот за биодиверзитет, екологија и спецификации на Универзитетот „Коби“.

2
Фото: Masayuki Ishibashi

Идентификувањето на нови растителни видови е невообичаен настан во Јапонија, при што флората во оваа земја е опширно документирана и проучувана. Ова откритие веројатно ќе предизвика интерес за цвеќето.

Извор: CNN
Фото: Kenji Suetsugu
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука