Кинескиот инженер по роботика, Женг Јиајиа, се оженил со „женски“ робот кој го нарекол „Јингјинг“.
Со оглед дека не можел веќе да го издржи притисокот од родителите кои барале од него да се ожени, Јиајиа направил робот и одлучил да стапи во брак со него.
После два месеци „забавување“, облекол свечен костум и се
оженил на церемонија во градот Хангжоу. На свеченоста присуствувале неговата мајка и неколку пријатели.
Иако ваквиот брак не може законски да се признае, венчавката била одржана со традиционални кинески обележја, наведуваат кинеските медиуми.
Заради политиката на „едно дете“, во Кина живеат повеќе мажи во споредба со жени, па многу младоженци понекогаш им е тешко да најдат сопруги. Според последните податоци, на секои 100 жени, во Кина доаѓаат 113,5 мажи.
Јиајиа порано бил вработен во компанијата
Huawei, но дал отказ за да се посвети на својата стартап компанија која се занимава со вештачка интелигенција.