X
 12.11.2023 Технологија

Со „Чет-ГПТ“ сега може да креирате сопствени ботови без да програмирате

„Опен АИ“, компанијата која стои зад „Чет-ГПТ“, откри дека корисниците ќе може да создаваат сопствени верзии од технологијата, односно ќе градат уникатни ботови за свои потреби.

Наскоро треба да биде достапна продавница за апликации со која ќе може да наоѓате и да споделувате разни ботови. Нема да треба да знаете како да програмирате за да направите сопствен бот. Доволно е да му дадете насоки со едноставен јазик и да го научите ботот да работи за вас.

- За одредено време ќе имате персонализирани ботови кои ќе комуницираат со многу други ботови. Ќе може да завршувате многу комплексни работи со спојување на различни услуги - објаснува Сем Алтмен, главен извршен директор на „Опен АИ“, на конференција во Сан Франциско.

Доколку сте љубопитни за новата опција, може да ја тестирате технологијата на веб-страницата на „Опен АИ“ овде. Засега не се откриени детали за цената на најавената опција.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија