Фото: Screenshot YouTube
Во свет каде луѓето мечтаат за страсни романси со виртуелни асистенти, границата помеѓу луѓето и машините постепено исчезнува. Но, ниту еден друг високо-технолошки изум не ја нарушува оваа дихотомија повеќе од Ерика, најавтономниот робот во светот.
Во овој нов краток документарен филм се раскажува приказната за 23 годишниот андроид, Ерика и нејзиниот „татко“ - јапонскиот гуру за роботика, Хироши Ишигуро.
Родена во пресекот помеѓу технологијата и филозофијата, Ерика ја поместува самата дефиниција за тоа што значи да се биде човек.
Таа има смирувачки глас, но дали има душа? Токму ова е една од работите кои Ишигуро и неговиот партнер Дилан Глас го екстраполираат во овој 15 минутен документарец.
Запознајте ја Ерика и запознајте се со нејзините идиосинкрезии гледајќи го целосниот
документарен филм во видеото подолу.
Доколку сакате да ѝ поставите прашање на Ерика, „
The Guardian“ моментално прима писма од читателите, па ги бара најинтересните прашања од нив.