X
 18.11.2024 Технологија

Вакво селфи не сте виделе, а е создадено на необично место

Селфито е вообичаен начин за фотографирање на себеси, но кога е направено од сателит во орбитата на Земјата, и не е толку невообичаено.

Имено, литванскиот сателит „МР42“, кој орбитира околу Земјата, направи селфи благодарение на вградената камера и го испрати во центарот на компанијата „Наноавионикс“, која го лансира. И тоа само по себе е вест, но уште поголема вест е причината поради која го направи тоа.

1
Фото: Screenshot/YouTube

Имено, сателитот имал блиска средба со мал објект во орбитата, по што била формирана дупка од 6 милиметри на неговиот соларен панел. За среќа, ударот и настанатата дупка не предизвикаа никакви проблеми во работата на соларниот панел, а потоа ниту во работата на самиот сателит.

Од „Наноавионикс“ не се сигурни што точно ја предизвикало штетата, но претпоставуваат дека станува збор за мало парче вселенски отпад или микрометеороид. Интересно е што не се ни сигурни кога точно настанала штетата. Затоа што на фотографијата која е направена пред 18 месеци нема оштетувања.

Сателитот MP42 спаѓа во категоријата мали сателити бидејќи тежи само 130 килограми, така што има помали шанси за вакви судири. Но, поголемите сателити или Меѓународната вселенска станица се изложени на такви судири секој ден.

 

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија