X
 09.04.2017 Образование

Врисокот на наставниците нема кој да го слушне

Има една анегдота за еден владика кој одамна не отишол во посета на едно село да служи утринска литургија. Кога стигнал, во црквата забележал дека нема никој, нема луѓе. Кога го прашал попот. Во што е работата? Попот му одговорил: „Дедо владика, има сто причини зошто е ваква ситуацијата. Владиката повторно прашал. Ајде, кажи барем една. Попот му рекол: прво, немаме камбана…..натаму нема потреба да набројувам.



Од крајот на минатиот век и почетокот на овој век се случија значајни реформи во системот на образование на наставници во нашата земја. Но, реално може да се констатира дека пристапот секогаш бил парцијален, секогаш се базирал на одредени решенија кои биле во насока на внатрешни краткорочни поместувања, скоро секогаш бил под политизација со компромиси и задоволувања на одредени парцијални гледишта и погледи, без долгорочни погледи и визија за тоа каков треба да биде наставникот во 21 век во Република Македонија. Затоа и сите засегнати страни не се задоволни од моменталните состојби со наставничката професија.

Основниот проблем кај нас е недоразбирањата помеѓу законодавецот и образовната пракса. Тоа се два различна света. Законодавецот нема јасни и транспарентни намери а струката нема јасни ставови. Постои само огромното искуство. Сто прашања се отворени: (1) Што и како се воведува? (2) Кој, зошто и како ?

„Квалитетот на еден образовен систем не може да го надмине квалитетот на неговите наставници“


Зошто некои реформи успеваат а другите не успеваат потврдува една голема студија. Искуствата на најдобрите училишни системи укажуваат на тоа дека три нешта се најважни. „Наставниците се важни“, извештај од 2005 г., подготвен од ОЕЦД заклучува дека квалитетот на наставникот е еден од најважните фактори кои влијаат врз успехот на ученикот и учењето. Овој извештај тврди дека, во текот на три години, учењето со висококвалитетен наставник, може да доведе до разлика од 53% проценти во постигањата на ученикот.

Најдобрите образовни системи се разликуваат од останатите поради 3 клучни работи.

1. Начинот на селекција на наставниците – како да се пронајдат и поддржат вистинските луѓе да станат наставници
2. Можноста тие наставници да држат најдобра настава и да даваат вистински насоки на децата
3. Создавање на систем за образование на наставници кои ќе ги препознаваат потребите на секое дете.

Пишува: проф. д-р. Кирил Барбареев
Подготвил: проф. д-р. Кирил Барбареев

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование