X
 28.04.2015 Образование

За младинската бесперспективност

Денешната младина живее живот, кој нималку не е соодветен на оној кој навистина треба да соодвестува на нивната возраст и желба за ентузијастички напредок, но наместо, желба за подобар живот, подобра работа, подобра иднина за нив, младите живеат во една бесперспективност во која излезот, го нема или, пак воопшто не се трудат да го најдат.


 
Животот кој го живеат денес младите, се состој од добра ноќна журка, добар провод со партнерот/ка, кој секако е за една или неколку ноќи, оние кој малку размислуваат за подобра иднина, и добра професија, како и ентузијастички напредок во професијата, не размислуваат за останување во дражавата, и иднината за самите нив, и нивната иднина ја гледаат надвор од државава. Оние пак, кој седат и чекаат од небо да им се наметне некаква добра иднина, која неможат самите да ја создадат и главниот виновник во тоа го гледаат општеството, кое не им нуди добра иднина. Оние академските граѓани, кој се поделени во своите размислувања за иднината која им престои во општествениот живот, едните велат за работа и семејство кое го гледаат надвор од оваа држава, други цврсто загазени во манипулативното политиканство, затоа што единствен начин за вработување гледаат, токму преку партиите и се занимаваат со малогаѓанско политиканство, кое го затвора умот и подлабоко влегуваш во бесперспективноста, и третите се оние кои пробуваат да се изборат за некаква светла иднина, на младите, за нивно критичко размилсување, за нивна промоција во општеството, промоција во однос на она што младите можат да го понудат во општетсвото во кое живеат и во кое дејствуваат. Професионалниот напредок, за денешните млади е мисловна именка, за нив добра иднина во државава е вработување во државна администарција, кредити за стан и добра кола, и добра забава, се останато е непознато за денештана бесперспективна младина. Општеството кое е секогаш обвинувано, заради нашата бесперспективност, е онакво какво што навистина е, вработувања за младите, нема, младите се повеќе не се женат или мажат, заради финансиската состојба, немањто добра работа или воопшто немањето работа, немање желба за формирање семејство, па така младите се повеќе остануваат неженети или немажени, но не заради нивна кариера  или изборување за подобра иднина, туку токму затоа што немаат перспективна за животот понатаму, туку живеат од денес за утре.

Подобрувањето на условите на младите и нивната подобра положба во општеството, можеби нема да дојде никогаш, или не во блиска иднина, но виновникот за бесперспективноста кај младите, односно општеството, нема да ни ја ублажи состојбата во која се наоѓаме ние младите, туку дејствувањето во општеството, онакво какво што е, немањето добра професија после студиите, и депресиите кој може да настанат поради разочарувањето од општетсвото и од очекувањата кој ги замислиле дека со студирање и завршување на факултет мора да им се најде работа, а притоа ниеднаш не помислиле дака студирањето е поради лично интелектуално усовршување, може да се префрли во друг контекст, во подобрување на своите способности, на пример за работа, во други професии кој немора да се со завршен факултет, оние пак кој немаат факултат, нетреба својата иднина да ја бараат во лепење плакати низ градовите, и доаѓање до работно место кое е под државата, и седење мирен на наредбите кој стигаат од претпоставените, кој подоцна придонесуваат до одбивност на работните задачи, сваќање на работата како моралснот и други состојба кој се непожелни, така младите кој немаат факултет, можат да најадат своја перспектива во други области како што се усовршувањата во професионалното шофество или учење на некој јазик, или работа која е нова која не е секојдневна, едноставно да се исполнуваат со нешта, кој не му се овозможени од секојденвите професии кој се здодевни. Исто така и менувањето на работното место или професијата, е дел од подобрувањето на себеси и својот дух, со учење на нови работи и запознавање на нови луѓе и личности, критичната мисла за политиканството и за повеќе сегменти од општетсвеното живеење, исто така придонесуваат за подобра перспективност. И, во однос на перспективноста за семејството и понатамошното живеење, во семејната заедница, младите денес ретко говорат за формирање семејство, така што за нив е доволна добра забава и добра женска или дечко, за добар ноќен провод, но се ова иако изгледа убаво и добро на стартот, сепак нас не затвора во еден свет на нагонски живот, без вистински вредности, и безперспективност за иднината, па подоцна, најчесто доаѓа и до опаѓање на волјата за подобар живот, и за лично усовршување. За крај, нетреба само општетсвото и државата, да ја гледаме за виновна за состојбата во која се наоѓаат младите, и младите имаат удел во моменталната состојба во која се наоѓаме, со тоа што не делуваат и не пробуваат да изменат нешто што можеби се менува.

Автор: Стефан Васев, студент на Институтот за родови студии при УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование