X
 18.04.2017 Култура

Основачот на „Пират Беј“ тврди: „Битката за слободен интернет е изгубена.“


Логото на Пират Беј

Петар Сунде, основачот на мрежата за размена на податоци „Пират Беј“, не е оптимистичен во поглед на идејата за „слободен интернет“  и тврди дека битката е веќе изгубена.

„Интернетот е веќе скршен,  денес повеќе од кога било“, изјави Сунде.

Имено, во последните неколку месеци културата на преземање на содржини од интернет покажува знаци на колапс, а минатиот месец исчезна најголемиот торент пребарувач „Демони“ кој го користеа повеќе од  50 милиони луѓе.

Иако се чини дека торентите и натаму се борат, Сунде е дециден: „Ние веќе изгубивме“.

Тој во 2003 година, заедно со Фредерик Нејем и Готфрид Сварлтомом го основаа сајтот „Пират Беј“ , кој за кратко време стана најпознат и најголем сајт за размена на податоци.

На контроверзното судење, Петар и другите основачи во 2009 година се осудени за „помагање на други лица во кршење на авторски права“, за што самиот „одлежа“ и затворска казна.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура