X
 17.11.2018 Живот

Репортажа од Голи Оток од 1971 година: Како Љупче од скопско со авион си дошол на одмор во Македонија

Ноември 1971: Првите затвореници почнаа да пристигнуваат на Голи Оток во времето на резолуцијата на Информбирото - тоа воглавно беа политички затвореници.

Нивните приказни за она што го преживеале таму се главниот јаток во легендата за Голи оток како нашиот Алкатраз.

Денес на Голи Оток казна издржуваат само млади престапници, но ни нивните приказни по враќањето дома не додаваат ниедна светла нијанса на слика за овој затвор која ја имаме во нашите глави.

Веднаш треба да се напомене дека Голи Оток не е она што повеќето го замислуваат. Вистина, таму е ограничено движењето на осудениците во текот на работното време, но кога осудените имаат слободно време, целиот остров е нивни.

Управата на Казнено-поправниот дом Раб на Голи Оток посветува големо внимание на оние осуденици кои треба да користат годишен одмор. На оние кои во текот на годината особено се истакнале и се залагaле на работа, им се дозволува да користат годишен одмор надвор од Голи Оток.

Осудениот Љупче Ташков од околината на Скопје, кој на Голи Оток издржува подолга казна, сакал дома да оди со авион. Во укравата на КПД Раб долго размислувале дали да му дозволат.

-Постоеше страв кај одредени воспитувачи Ташков да не го киднапира авионот. Ризикувавме - велат во КПД Раб.

Со затворски брод Љупче бил префрлен до Свети Јурај, а потоа со автобус продолжил ро Риека. Од аеродромот на островот Крк, со авион тргнал кон Скопје.

Сомнежот на некои воспитувачи дека Љупче евентуално ќе го киднапира авионот и ќе го натера пилотот да слета на некој аеродром во странство, бил неоснован. По истекот на одморот, тој се вратил на Голи Оток....

Целата репортажа, во која се наведува и дека во тој период во затворот казна издржувале 29 млади Македонци, можете да ја прочитате тука.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот