X
 09.02.2023 Економија

Во Германија недостигаат и затворски чувари

Хроничниот недостиг на работна сила во Германија стигна и до затворите. Празни се околу 2.000 работни места, но таа работа е тешка и релативно малку платена.

- Ние овде не го бараме Рамбо, туку изградени личности кои се грижат за нашите осуденици, со кои може да се разговара и кои учествуваат на курсеви и третмани - изјавила Анабел Франсен, директор на затворот „Рорбах“ во близина на Мајнц.

Во тој затвор околу 200 чувари и службеници се грижат за околу 500 затвореници, а 17 вработени уште не ја завршиле обуката. Поради недостиг на персонал, на затворениците им се скратени некои прошетки надвор од ќелиите.

- Германскиот сојуз на вработени во казнени установи проценува дека низ затворите во Германија недостигаат околу 2.000 чувари и службеници. Работата е во смени, тешка е и често е потценета. Тоа е опасна работа за која би морале да имаат подобри поволности - вели Рене Милер од сојузот.

Од сојузот бараат подобри плати и флексибилен систем на работа. Бруто-платите во овој сектор се движат од 24.000 евра до 39.000 евра годишно.

Во меѓувреме, властите преземаат разни мерки за да го решат проблемот, како зголемување на дозволената возраст за оваа работа и реформи во образованието за затворските чувари.

Извор: Bizlife
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија