X
 24.04.2017 Технологија

Новиот план на Елон Маск

Од минатиот месец има шпекулации дека Елон Маск почнал да основа нова компанија која има за цел да го поврзува човечкиот мозок со компјутерите. Сега и тој открива дека ова е вистина и дека неговите планови планира да ги реализира за четири години од сега.

елон маск
Фото извор: Web Summit/Flickr


Со Neuralink, тој очекува дека ќе развие микро уред за да ги поврзи мозокот и машините и да ги третира повредите и симптомите на мозокот на тој начин, и тоа удари, парализа, па и губиток на меморија.

Следната цел е да креира начин на кој мозоците на луѓето ќе се поврзат еден со друг, за да комуницираат директно без пишување или зборување.

Но ова ќе потрае осум до десет години – а Маск верува дека регулаторното оддобрување ќе има многу заедничко со таа временска рамка.

Вестите за Neuralink дојдоа веднаш штом Фејсбук објави два проекта фокусирани на користење на мозокот за да се контролира хардверот и софверот: еден вклучува мозочни импланти кои ќе помогнат да се пишува со мислење, а другиот прима звучни бранови од околината и ги пренесува директно до мозокот за да им овозможи на глувите да слушнат што се случува околу нив.

Јасно е дека има многу што да се прави пред било кој од овие планови да се реализира – но за Цукерберг и Маск е на широко познато дека знаат да ги реализираат своите големи идеи.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија