X
 23.10.2018 Технологија

Супербрзиот тунелски транзитен систем на Маск ќе започне со бесплатни превози на 11 декември

Компанијата „Боринг“ планира да понуди бесплатен превоз во неговиот прототип тунел во Хоторн, Калифорнија во декември.

Како прв чекор кон остварувањето на визијата за изградба на масивниот подземен тунелски транзитен систем во  Лос Анџелес, компанијата „Боринг“ на Илон Маск гради конепт тунел под нејзиното седиште во Калифорнија.

Во неделата, Маск на неговиот твитер-профил објави дека тестирањето ќе биде завршено на 10 декември, а компанијата ќе понуди бесплатно возење наредниот ден за сите заинтересирани за тоа како би изгледал масовниот транзит на иднината во големите светски градови.

Маск, кој е познат по тоа што не секогаш ги исполнува ветените рокови, бил запрашан од твитер-корисник дали целта на 10 декември е „реално време“ или „Маск време“, на кое извршниот директор одговорил: -Мислам дека е реално.

Тест тунелот е долг три километри и има максимална брзина од околу 240 километри на час, вели веб-страницата на компанијата „Боринг“.

-„Луп“ е брз подземен јавен транспортен систем во кој патниците се транспортираат со автономи електрични лизгалки кои патуваат од 190 до 240 километри на час. Електричните лизгалки ќе можат да носат помеѓу 8 и 16 патници или едно патничко возило - пишува компанијата.

Во септември, градскиот совет на Хоторн даде одобрение за компанијата да изгради прототип систем што ќе поврзува гаража со подземен тунел. Успехот на тест-тунелот најверојатно ќе помогне во реализирањето на целта на Маск - да помогне ужасниот сообраќај да се премести под земја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија