Ако сметате дека знаењето треба да биде бесплатно и достапно на колку што е можно повеќе луѓе, сега може да пробате нов начин на кој ова е овозможено.
Фото извор: Science Alert
Unpaywall е пуштена во употреба порано овој месец и е финансирана од Националната научна фондација и Алфред П. Слоан фондацијата. Откако ќе го инсталирате додатокот на Google Chrome или Firefox ќе почне да Ви се прикажува мал симбол за заклучување секогаш кога сте на страница чија статија е од академски весник.
Ако додатокот може да најде слободни и достапни копии од документи на кои гледате, симболот за заклучување станува од сив до зелен и едноставно може да кликнете на него да преземете PDF верзија. Ако тој е златен статијата што ја читате има лицента за отворен пристап.
Unpaywall пронаоѓа PDF датотеки кои се легално закачени од самите автори и ова е тоа што го издвојува од озлогласените платформи како Sci-Hub.
Креаторите на додатокот велат дека тој може да најде текстови на полни верзии за „65 до 85% од статиите, зависно од нивните теми и години на објавување“.
Повеќето немаат да платат 30-40 долари за еден документ па не е изненадување што луѓето се свртувале кон различни методи за да дојдат до научни студии – некои полегални од други. Дури постои поддршка и за оние како Sci-Hub. Ова сепак не е слично на пиратерија на филмови.
Научниците не заработуваат пари од објавување на нивните студии. Додека магазините може да наплаќаат многу на годишно зачленување,
истражувачите имаат избор да ја приложат нивната работа ако сакаат да бидат вработени. Тие обично се платени со грантови, па кога веќе пларат нешто за јавно добро, зошто не би можеле да дојдеме до тие информации бесплатно?