Ако не сте комплициран корисник кому му требаат напредни функции, постојат неколку начини на кои можете да ја користите програмата на „Мајкрософт“ за обработка на текстови без да плаќате.
Погледнете ги.
Word Mobile (Windows 8, 10)
„Мајкрософт“ долго време бесплатно ја нудеше програмата „Word Viewer“, со која можете да ја отворите која било датотека со формат .docx без да ја плаќате целосната верзија на „Office“ пакетот. Пред неколку години таа програма беше заменета со „Word Mobile“.
Апликацијата „Word Mobile“ можете да ја инсталирате на кој било паметен телефон, таблет, лаптоп или компјутер. Кога ќе ја инсталирате на таблет или компјутер, нема да можете да создавате нови документи или да ги уредувате, туку само да отворате постоечки и да ги читате.
Апликацијата е достапна во „
Microsoft Store“.
„Ворд“ за Андроид и iOS
„Microsoft Office“ во изданијата за паметни телефони и таблети е низа посебни апликации, што ви овозможува да преземете само една, на пример „Ворд“, а да не морате да ги преземете другите. И да, тоа е целосно бесплатна верзија на „Ворд“, која може без проблем да се носи со приказот на табели и графикони. Достапна е и за
Андроид и за
iOS.
Office Online (Windows, Mac, Linux)
Ова е
бесплатен сервис кој овозможува пристап до документите со помош на претражувачот на кој било компјутер. Најчест недостаток е што не функционира без интернет.