Старата изрека вели дека најдобрите работи во животот се бесплатни. Некои животни задоволства не можат да се преточат во валута, а покрај семејството и пријателите чија вредност е непроценлива, постојат уште многу бесплатни работи. Ова се некои од нив.
- Искреното мислење на саканата личност.
- Вистинските пријатели што ве поддржуваат.
- Семејството на кое секогаш можете да се потпрете.
- Некој што ве поттикнува да ги реализирате вашите соништа.
- Пронаоѓањето на вистинската љубов.
- Хуморот и насмевката.
- Позитивниот став.
- Личноста што никогаш нема да се откаже од вас.
- Некој што ќе ве расположи.
- Смешните спомени од училишните денови.
- Мрзливо неделно попладне.
- Сеќавање на дамнешните летувања.
- Добриот однос со родителите.
- Првпат кога некој ќе ти каже „те сакам“.
- Добриот сон.
- Чувството на топлина и пеперутки во стомакот кога ќе погледнете некој што го сакате.
- Лекциите што ги учите од тешките искуства.
- Квалитетното време што го поминувате со најблиските.
- Луѓето што ви велат дека се гордеат со вас.
- Некој што внимателно ве слуша.
- Искажувањето и стекнувањето почит.
- Извинувањето од срце.
- Мир во душата и откажување од огорченоста.
- Оброк приготвен дома.
- Прегратката.
- Бакнежите.
- Љубовта од децата, семејството, партнерот.
- Држењето за рака со саканата личност.
- Погледот полн со љубов и лојалност што ви ги дава вашиот миленик.
- Тоа што се будите секое утро.
- Здравјето.
- Топлата насмевка.
- Мирисот на свежо искосена трева.
- Гледањето на заоѓањето и изгревањето на сонцето.
- Слушањето на брановите што удираат на брегот.
- Звукот на дождот.
- Повторната средба со некој што го сакате.
- Гледањето на ѕвездите.
- Цветањето на цвеќињата.
- Возбудата пред важни настани.
- Добивање комплимент.
- Прошетка по плажата.
- Славење годишнина со саканата личност.
- Надежта.
- Стареењето со некој што го сакате.
- Уживањето во природата.
- Седењето покрај огнот.
- Мирисот на чиста постелнина.
- Чувството што го имате кога ќе завршите важна обврска.
- Искреноста кон себе.
- Пишувањето дневник.
- Учењето некој да вози велосипед.
- Чувството по дипломирање.
- Хуманитарната работа посветена на нешто што ви е важно.
- Победа по натпревар.
- Учење на нешто ново.
- Полагање тест без грешка.
- Пронаоѓање нешто што долго сте го барале.
- Вербата во себе.
- Чувството на носталгија.
- Отворање книга првпат.
- Живеење без каење.
- Љубопитност.
- Ветер во косата.
- Самиот факт дека сте
живи.