X
 26.04.2017 Наука

Новооткриениот феномен на небото наречен Стиви


Флуоресцентно небо
(Фото: Vimeo video screenshot)


Групата на „Фејсбук“, Алберта аурора чејсерс, ја сочинуваат аматери кои се интересираат за поларната светлина и меѓусебе ги разменуваат најубавите пројави на овој феномен.

Професорот Ерик Донован од Универзитетот во Калгари забележал дека на една од тие фотографии виолетова трага на небото каква што немал видено дотогаш. Некои членови на групата сметале дека се работи за протонски лак, но професорот не верувал во таа теза и ја предал фотографијата на Сворм тимот од европската вселенска агенција ЕСА, чии сателити ги бележат магнетните сигнали на Земјата.

„Додека сателитот поминувал преку виолетовата трага, податоците кои ги испраќале инструментите се промениле“, вели Донован и додава дека станува збор за жешка трага од гасови.

„Температурата на 300 километри од површината на Земјата се покачила на 3.000 Целзиусови степени, а податоците откриле 25 километри долга ’лента од гас‘, вели тој, додавајќи дека овој феномен веројатно е вообичаен, но досега никој не го документирал.

Бидејќи во вакви случаи лицата кои го откриле феноменот имаат право и да го именуваат, групата ентузијасти се одлучиле за, во најмала рака, необично име – Стиви.

Научниците велат дека уште многу работи треба да се проучат околу овој феномен, затоа што всушност тоа и не е поларна светлина, која се јавува при интеракција на соларните честички со Земјиното магнетно поле.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука