X
 08.07.2022 Наука

Денеска речиси цело светско население истовремено ќе искуси дневна светлина

Во кој било момент едната страна од Земјата е свртена кон Сонцето, а другата е во темница. Затоа, си замислуваме дека половина од светското население секогаш е во темница.

Меѓутоа, светот не е еднакво населен од сите страни. Затоа, денес (8 јули) ќе се случи феномен во кој речиси сите луѓе во светот истовремено ќе бидат во светлата страна на Земјата.

Според повеќе медиуми, околу 99 отсто од светското население може да видат дневна светлина во 13:15 часот по средноевропско време. Според „Тајм енд дејт“, процентот е малку помал и најмалку 256,8 милиони луѓе, односно 3 отсто од светското население нема да бидат дел од феноменот, односно за нив нема да биде ден во ова време.



Освен тоа, многу луѓе, особено оние во урбаните региони, можеби нема да ја забележат дневна светлина во тоа време.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука