Припјат е еден од дваесетте „нуклеарни градови“ подигнати во Советскиот Сојуз, оддалечен само 90 километри од Киев. Основан е 1970 година за 75000 жители, а според последниот попис во 1985 во него живеат 48.000 луѓе.
Фото извор: ruskarec.ru
Градењето на
Припјат е прогласено за „шок проект на сите републики на СССР“ , односно го граделе суперпродуктивни бригади. Тој се наоѓа на десниот брег на истоимената река, 12 километри од Чернобил, во Киевската област и е еден од градовите погодени од чернобилската катастрофа.