X
 24.08.2016 Култура

Најтивкото гратче во кое се забранети мобилните телефони и интернетот

Грин Бенк се наоѓа во американската држава Западна Вирџинија и на прв поглед е обичен мал град. Барем таков впечаток добивате, но тој се менува откако ќе поминете некое време на ова место.

 

интернет


Грин Бенк се наоѓа во зоната на тишината на националното радио, област со површина од 33.000 квадратни километри во кој е забране радио-преносот. Зоната е воспоставена за да се избегнат електромагнетни интерференции од најголемиот радио телескоп во светот кој се наоѓа токму во оваа област.

Телескопот „The Robert C. Byrd Green Bank“ е висок 152 метри со чинија голема колку фудбалско игралиште. Џеј Локман од Националната радио-астрономска опсерваторија вели дека се кориси за проучување на неколку работи, вклучувајќи и потрага по живот во вселената.

Со оглед на тоа што повеќето сигнали од вселената воглавно се слаби, животот околу телескопот мора да биде колку што е можно потивок. Тоа објаснува зошто луѓето во овој град не можат да користат некои од секојдневните работи на модерното општество.

Така, микробрановите печки мораат да седат во заштитни кутии од челик, а кога се отворил голем трговски центар, автоматските врати морале да бида заменети затоа што пречеле во приемот. Исто така, безжичниот интернет и мобилните телефони не смеат да се користат, иако локалното население е целосно задоволно од начинот на кој живеат. Некои луѓе доаѓаат да живеат во овој град само за да уживаат во звуците на природата. Велат дека понекогаш е толку тивко што можете да ги слушните сопствените мисли.

„Ситуацијата е како некогаш - кога сите игравме надвор, и не седевме постојано на компјутер. За ништо не би го менувала ова место“, вели Шери Честнат која живее таму.

 

град


Жителите признаваат дека единствениот недостаток е тоа што не можете да се јавите веднаш во случај на итни ситуации.

„Би било убаво да имаме мобилен телефон за итни случаи“, вели Деби Бајрели која исто така живее во овој град.

Доколку некогаш случајно се најдете во овој град, не се грижете - имате фиксен телефон, а можете и да ја искористите и телефонската говорница, една од последните во државата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура