„Состојбата на планетата е загрижувачка заради нашата зависност од фосилни горива“, истакнал 16-годишник кој ова го кажал пред Врховниот суд во САД. Тој рекол дека политичарите повеќе не ги застапуваат граѓаните и време е нешто да се направи. А што може да направат безгласни деца?
фото извор: CNN
На пример, можат да го тужат претседателот Трамп и неговата администрација, а потоа да маршираат до Белата куќа.
16-годишниот Мартинез е еден од 21 млади луѓе кои сакаат да го изведат Трамп и неговата администрација на
федерален суд заради непреземањето мерки против глобалното затоплување. Најмладото дете има само 9 години. Нивниот протест, како што велат тие, е повик за револуција која ќе донесе чиста енергија.
Овие деца навистина го привлекуваат вниманието на јавноста, бидејќи прават нешто – бараат мерки кои ќе гарантираат подобра иднина.
Трамп побарал да се направи ревизија на „Clean Power Plan“, легислативата потпишана од Барак Обама за климатските промени. Дури има цел да отвори земјиште и океани за вадење на фосилни горива. Тој смета дека се враќаат повторно одредени работни места, а не го зема предвид фактот дека милиони луѓе годишно умираат околу светот заради загаденоста на воздухот.
Децата инсистираат дека нивните права на живот, слобода и сопственост се прекршени и бидејќи се многу млади стравуваат за својата иднина. Експеритите сметаат дека маршот и протестот на децата е од голема важност и симболична и етична.
Децата најмногу се плашат дека возрасните нема да ги слушнат. Она што е најинтересно во врска со нив, е тоа што ова е само нивна иницијатива. Не биле поттикнати од никого, па дури ни од сопствените родители.
Децата едноставно се загрижени дека младите генерации ќе наследат свет во хаос.