X
 18.07.2022 Живот

Германски климатолог предупредува на глобално затоплување до 3 Целзиусови степени

Веќе е предоцна да се ограничи глобалното затоплување на не повеќе од 1,5 Целзиусови степен споредено со прединдустриските нивоа, предупреди денеска германскиот експерт-климатолог Моџиб Латиф пред Форумот за климата што се одржува во Берлин.

Тој рече дека со денешните емисии на штетни гасови, актуелното ниво ќе биде надминато за десет години.

- Ако се земе предвид она што го прават политичарите во светот во моментов, ние сме во насока кон три степени повеќе. Се приближуваме до точката кога ќе мора да признаеме: времето истече – рече Латиф и додаде дека секогаш се наоѓале поприоритетни прашања отколку оние што би требало да ја заштитат климата на планетата.
Министрите од четириесетина земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот