X
 16.02.2016 Култура

Златните правила на воспитување од руски психолог

Јулија Борисовна Хипенрејтер е познат руски психолог и семеен психотерапевт како и автор на многу книги за родителството.

 

дете


Во нејзините книги таа ги советува и подучува родителите како да изградат однос со децата и како да разговараат со нив со што ќе се подобри меѓусебното разбирање.

1. Прифатете го детето безусловно - тоа не значи да го сакате затоа што е убаво, паметно, вешто, одлично и дека им помага на другите - сакајте го едноставно затоа што постои.

2. Не се мешајте во она што детето го работи доколку не побара помош. Речете му: „Се` е во ред. Секако дека ќе се снајдеш!“

3. Ако на детето му е тешко и е подготвено да ја прифати вашата помош, помогнете му. Притоа направете го тоа што детето не може само да го направи, а останатиот дел нека го направи само. Како што усвојува нов материјал, така постепено оставете да работи сам поглемиот дел од времето.

4. Детето еден ден ќе го работи само она што денес го работело со мама. Количината за тоа што сме направиле „заедно“ станува златна резерва за детето, негов потенцијал за блиска иднина.

5. Полека но сигурно симнете ја грижата и обврските за сите работи на детето и препуштете му ги нему.

6. Личноста и способноста на детето се развиваат само во онаа област која ја избрало самото дете бидејќи тоа го сакало и тоа го интересирало.

7. Не постои ситуација во која детето треба да се удри.

8. Можете да изразите нездоволство поради некои негови постапки, но поради самото дете. Можете да ги осудите неговите постапки но не и неговите чувства, колку и да се непосакувани и недозволени. Незадоволството од постапките на детето не смее да биде систематско, инаку се претвора во мака кај детето.

9. Гушкајте го детето повеќе пати во текот на денот - 4 преграти се неопходни чисто за преживување, а за убаво расположение потребни се најмалку 8 прегратки дневно. И тоа не само за детето туку и за возрасните.

10. Смислете неколку активности со детето или неколку семејни акции кои ќе формираат зона на радоста. Нешто од тоа нека стане „ритуал“, нека детето очекува знаејќи дека сигурно ќе дојде ако не направи нешто лошо. Откажете само тогаш кога навистина направило нешто лошо.

11. Најдобрата казна за детето е да го лишите од нешто убаво, а да не му направите ништо лошо.

12. Децата треба да се движат, да истражуваат предмети, да ја користат својата сила. Да му забраните нешто е исто како да заградите река. Подобро ќе биде да се погрижите текот да биде удобен, а коритото безбедно.

13. Не само што на децата им се потребни ред и правила за однесување туку тие ги сакаат и очекуваат. Така полесно го сфаќаат животот и се снаоѓаат во него, тоа им дава чувство на сигурност.

14. Детето е мило кога ги разбираме сите негови потреби. Една од најважните е да го истражува светот и да ги споделува впечатоците. Истражувајќи ги своите можности, детето полека ги поместува своите граници. Кога е мало, сака да се качи што повисоко на дрво, а кога ќе порасне сака да бега со другарите во туѓ двор, па да се врати дома подоцна од обично. Голем дел од ова зависи од тоа како се однесуваат родителите. Проповедањето и забраните се немоќни.

15. Сето она што би сакале да го промениме кај детето најпрво треба да го провериме дали треба да го промениме и кај нас самите. На пример, нашиот педагошки ентузијазам. Веројатно подобро е да го насочиме кон самите себеси.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура