Сите знаат дека човек може да се идентификува преку отпечатоците од прстите. Но, кој друг дел од телото може да ве идентификува?
1. Вашите уши
Дали сте знаеле дека вашите уши растат со текот на вашата возраст, но не ја менуваат формата - пропорциите остануваат идентични.
2. Мирисот на вашето тело
Научниците од Универзитетот во Бристол откриле дека луѓето можат да се разликуваат по 44 состојки кои ги има во нивното тело.
3. Начинот на кој одите
Повеќето луѓе не можат да ги видат суптилните разлики во одењето на една личност, но компјутерите сега можат да ги анализираат движењата за да ја откријат индивидуалноста на еден човек.
4. Вашиот заден дел
Научниците имаат развиено перничиња чувствителни на притисок кои го препознаваат задниот дел на една личност кога таа седи, со што може да се спречи кражба на автомобил.
5. Вашиот череп
Со одредување како черепот на една личност се менува со белите звуци, може да се открие идентитетот на луѓето со 97% точност.
6. Отпечатоци од нокти
Ноктот има канали за клетки, како јазикот. Просторот меѓу нив останува пропорционален во текот на целиот живот.
7. Порите на носот
Истражувачите развиле систем за да ги поврзат порите на носот со базата на податоци со која можат да ги идентификуваат луѓето со 88% точност.