X
 28.12.2016 Живот

Како Никола Тесла ја одржувал формата?

Секаде во светот луѓето денеска се согласуваат дека Никола Тесла е еден од најплодните и најкреативниите духови кои човештвото некогаш ги имало. На своите големи проекти работел  до самиот крај на животот, еднакво енергичен и фокусиран. Иако знаеме дека дел од енергијата ја чувал во аспектите на асексуалниот и повлечениот начин на живот, сепак останува воодушевувањето за острината на духот на генијалниот научник во длабоката старост. Дел од одговорот на прашањето за состојбата на умот и телото е објаснет во неговото интервју кое 77 - годишниот Никола Тесла го дал во 1933 година.


Најважните навики се стекнуваат во младоста :

Тесла веројатно во својот живот го имал тој најважен почеток и најважните навики ги стекнал во младоста.
„Состојбата на нашето тело и духот во староста во потполност е сведок за тоа како сме ја пминале нашата младост. Тајната на мојата денешна сила и виталност лежи во тоа што живеев живот без пороци“, рекол Никола Тесла.

Тој живот полн со доблести бил потреба за некој кој од раната младост себеси си поставува големи цели и кој знае дека одрекување од други нешта и апетити може да допринесе до остварување на своите соништа и работа во длабоката старост.

Тоа подразбира строга дисциплина :

„Не сакам никаков одмор - никаков престанок на тешката работа. Кога луѓето бирале работа во склад со својот темперамент, вкупната количина на среќата на земјата би била немерливо голема. “

Како Тесла ја планирал долговечноста?

Многумина се тажни заради краткиот животен век. Каква е смислата било што да се постигне? Се прашуваат. Не можеме да живееме доволно долго да ги завршиме нашите зафати. Луѓето би можеле значајно да го продолжат својот живот, но само ако се потрудат.

На многу начини се правиме себеси непродуктивни. Помеѓу останатото и лошата исхрана. Еве како Никола Тесла размислувал за навиките со исхраната. Пред се јадеме премногу, но тоа веќе неколку пати сме го слушнале. И јадеме погрешен вид на храна и пиеме погрешен вид на течности. Најмногу штета носи прејадувањето и недостигот на вежби, што предизвикува токсична состојба на телото и чини неможност за одбивање на насобраните отрови.

Тесла пиел многу вода и млеко, водел сметка за својот стомак. Што биле главните состојки на неговата исхрана?

„Зошто да го преоптеретуваме телото кое не служи? Јадам два пати дневно и ги избегнувам сите намирници кои предизвикуваат киселина. Свежиот зеленчук, риба и месо јадам ретко и умерено. Иако рибиното месо е добро за мозокот, тоа состава многу јака кисела реакција, поради големата количина на фосфор. Киселоста во организмот е нашиот најголем непријател. 

Дека го избегнува месото Тесла потврдил и во уште едно интервју од 1935 година :

„Ги избегнувам сите стимуланси. Скоро во потполност го избегнувам месото. Верувам дека кафето, чајот и цигарите еден ден ќе излезат од мода. Алкохолот сепак и понатаму ќе се употребува, затоа што тој не е стимуланс туку еликсир на животот. “

Тесла бил познат и по тоа дека речиси секој ден пиел виски е бил голем поборник на компирите :


„Компирот е одличен и треба да се јаде секојдневно. Содржи скапоцени минерални соли и има неутрализирачко дејство. “


Сметал дека и физичките вежби се многу важни :


„Верувам дека треба многу да се вежба. Секој ден одам од осум до десет милји и никогаш не земам такси или друго превозно средство. Вежбам и преку капење, бидејќи прво користат топла купка, а потоа се туширам со ладна вода.“

Строгиот режим на Тесла кулминира во навиката за спиење, која се коси со предупредувањата на лекарите и здравствените организации што се однесува до неопходноста да се спие по 8 часа на ден : 


„Спиење? Јас ретко спијам. Доаѓам од семејство на долговечни луѓе кои се познати по тоа дека не спиеле многу. Се надевам дека ќе го стигнам рекордот на моите предци и ќе живеам барем 100 години. Моето неспиење не ме загрижува. Некогаш спијам еден час. Повремено, на секои два месеци, спијам од 4 до 5 часа. Потоа се будам со полна енергија. Тогаш чувствувам огромна сила. Несомнено дека сонот ја зголемува енергијата, но од друга страна не верувам дека е неопходен за нечиво здравје, особено ако е тоа некој кој по навика малку спие.

На 77 години Тесла велел :

„Не сум се чувствувал подобро во животот. Енергичен сум, силен, во потполна контрола над својот сопствен ментален склоп. Што е поважно, за решавање на проблемите користам само дел од енергијата со која располагам, затоа што научив како да ја чувам.И покрај верувањата, работата станува полесна во староста, само ако луѓето се со добро здравје. Тие научиле во текот на годините како да дојдат до целта користејќи го најкраткиот пат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот