X
 04.05.2017 Технологија

ИКЕА има прашање до вас

икеа
Фото: Depositphotos

Со уреди како „Google Home“ и „Amazon Echo“ се чини дека гласовите на асистентите ќе бидат присутни со нас долго време. А според ИКЕА, овие уреди стануваат сè попаметни и попаметни. Но, пред самата компанија да создаде ваков уред, таа сака да открие како размислуваат нејзините клиенти. Затоа, таа направи анкета за да го измери расположението на јавноста во врска со вештачката интелигенција.

Дали асистентот во вашиот дом треба да биде маж, жена или родово неутрален? Дали треба да одговори на вашите чувства и да ги задоволи вашите потреби без да ве праша? И најголемото прашање - дали треба да изгледа како робот или како човек? Ова се некои од прашањата на ИКЕА кои ги поставува преку анкетата наречена „Дали зборувате на човечки јазик?“.

Идејата позади анкетата е да се отвори дијалог со луѓето и да се земат во предвид нивните грижи пред да се одлучи како да се соочи со светот на вештачката интелигенција.

„Што знае една шведска компанија за мебел во врска со вештачката интелигенција?“, вели ГОран Нилсон, менаџер на концептните иновации на ИКЕА. „Не многу, но знаеме дека вештачката интелигенција е иднината и знаеме дека постојат огромни можности во оваа област за создавање на подобри услуги за луѓето од целиот свет. ИКЕА може да ги реализира индивидуалните потреби на луѓето, како и да зајакне 285 милиони луѓе со оштетен вид кои користат вештачка интелигенција и разговорен интерфејс. Сакаме да слушнеме од луѓето што мислат за вештачката интелигенција“, додава тој.

ИКЕА често пати гледа во иднината кога ги дизајнира и создава производите и веќе започна да продава мебел со вградено безжично полнење, така што вештачката интелигенција ќе се појави некаде во пакетот на производи на оваа компанија.

Тука
можете да земете учество во анкетата на ИКЕА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија