X
 25.12.2019 Живот

Моето дете има типичен развој, но доцни со говорот, си ја кубе косата, импулсивно е...

Ќерка ми има две години и пет месеци. Тоа што ме загрижува најмногу е доцнењето на говорот. На 10-месечна возраст ги изговори првите зборови, именуваше лик од цртан филм и од сликовници. Потоа сето тоа замре, за на возраст од 1,5 година да каже „ајде“ или „ајде дете“ кога сака да оди надвор. Во ситуации кога ѝ беше тешко, кога беше настината, неколку пати изговори „мама“, но потоа и ова замре. Сега воопшто не зборува, туку брмчи или вика „мммм“ додека си игра. За работи што сака да ги направи, ме влече за рака за да ми ги покаже. Умна е и извршува задачи што ги барам од неа („донеси го столчето“, „крени ја таа играчка од под“, „земи ги патиките и јакната“...). Но, кога инсистирам да каже некој збор, бега налутена и плаче.
Ова е дел од прашањето на читателка упатено до психолозите, соработници на Деца.мк.

Одговорот на Радмила Живановиќ прочитајте го на овој ЛИНК.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот