X
 04.05.2017 Економија

Вредноста на акциите на „Apple“ постигнува рекорди

Акците на “Apple” достигнаа највисока вредност до сега, но за многу кратко време. Неделава во вторник е забележана најголемата пазарна капитализација од 779,6 милијарди долари, останувајќи единствена американска компанија со пазарна вредност од над 700 милијарди долари.

глушец


Зад нив е “Alfabet” со 646 милијарди, “Microsoft” со 536 милијарди и “Amazon” со вредност од 451 милјарда долари.

По објавените резултати кои не ги исполниле предвидувањата, акциите на “Apple” изгубиле 1,5% поени, па пазарната капитализација паднала на 765 милијарди долари.

Компанијата го пријавила приходот во првиот квартал од 52,9 милијарди долари, што е малку помал од предвидените 53,02 милијарди. Во тој период продажбата на ајфоните паднала на 50,76 милиони, со 51,19 во истиот период лани.

Заработката по акција во првиот квартал изнесува 2,1 долар, на приход од 52,9 милијарди долари, додека во истиот минатогодишен период на приходот од 50,56 милијарди изнесувал 1,9 долари.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија