X
 04.09.2024 Живот

Ова се 50. највредни компании во светот за 2024 година

Пазарната капитализација е вообичаена мерка за вредноста на компанијата како што е определена од берзата. Тоа е така затоа што може лесно да се пресмета со множење на акциите на компанијата со тековната цена на акциите.

Во графиконот подолу ги прикажуваме 50. највредни компании во светот по пазарна вредност во 2024 година, врз основа на податоците од 26 август од веб-страницата „Companiesmarketcap.com“.

1
Фото: Visual Capitalist

Компаниите во овој графикон се кодирани во боја по индустрија, што ја истакнува доминацијата на технолошкиот сектор на глобалните берзи.

Првите 50 компании во светот претставуваат пазарна капитализација од 34 билиони долари. Најголемите индустрии во топ-50 се технологијата и здравството.

Доминацијата на технологијата во голема мера се должи на американските компании вредни билиони долари како „Епл“ и „Нвидија“, иако тука се претставени и други земји. Вклучени се тајванскиот TСМЦ како и највредната кинеска компанија „Тенцент“, која моментално се проценува на околу 450 милијарди долари.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот