X
 07.05.2017 Наука

Научниците во паника - Антарктикот пред пукање!

antarktik

Научниците ги загрижува новата пукнатина на ледената плоча „Larsen-C“ која би можела да го забрза одвојувањето на огромни санта мразови од Антарктикот.

Тие со години ја изучуваат големата пукнатина на ледената плоча „Larsen C“ која започнала да се шири во декември минатата година, а новата пукнатина укажува на тоа дека прашање на време е кога површината од 5.000 квадратни километри ќе се оддели од Антарктикот.

Тоа би значело дека „Larsen C“ може да остане без 10% од својата површина. Новата пукнатина се наоѓа на околу 9.5 километри под првата пукнатина, која денес е широка 304 метри и која во меѓувреме достигна должина од 180 километри.



Научниците особено се загрижени со фактот што старата пукнатина се шири околу еден метар дневно. Геофизичарот од Геолошкиот топографски институт во Америка, Ден Мекграт, наведува дека одделувањето на сантата може да се случи ова лето.

Предвидувањата исто така укажуваат на тоа дека мразот на „Larsen C“, кој моментално е на копно, може да се лизне и да падне во морето со што ќе го подигне нивото за 10 сантиметри.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука