X
 03.04.2022 Наука

Комуникација во животинскиот свет: Снимен делфин како се обидува да разговара со друг делфин

Ново истражување покажува како дивиот делфин Кајли, која живее сама на западниот брег на Шкотска, се обидува да комуницира со група мали делфини на нивниот „јазик“.

Заливот Фирт на западниот брег на Шкотска е дом на илјадници мали делфини. Кајли не е видена во друштво на други делфини најмалку 14 години, но таа е далеку од сама. Во текот на ведрите денови посетителите на пристаништето понекогаш можат да ја видат Кајли како плива со малите делфини.

Ново истражување објавено во списанието „Биоакустикс“ покажува дека врските на Кајл со малите делфини се поблиски отколку што мислеше научната заедница. Иако вообичаениот локален репертоар на еден делфин треба да вклучува широк спектар на кликања и свирења, Кајли не свири. Наместо тоа, таа „разговара“ како мал делфин, вид кој комуницира меѓу себе со високи тонови на кликање.

Истражувањето посочува дека таа всушност комуницира со малите делфини или барем се обидува да го направи тоа. Ова откритие би можело да фрли светлина врз богатиот свет на интеракции помеѓу различните видови делфини.

- Јасно е дека видовите во дивината комуницираат многу повеќе отколку што мислевме досега - вели експертот за однесување на делфините, Дениз Херцинг.

Никој од локалното население не знае од каде дошла Кајли и зошто е сама, вели Дејвид Наирн, основач и директор на „Клајд Пропоис“, локална организација посветена на истражување и заштита на морските цицачи.

delfin
Фото: Freepik

Некои делфини остануваат сами по бурите или по човечки активности што ги одделуваат од нивните групи или, пак, откако ќе останат без родители. Другите се можеби помалку дружељубиви, како што покажаа резултатите од истражувањето од 2019 година, кое ги следело осамените делфини низ светот.

За да дознае повеќе за врската на Кајли со малите делфини, Наирн прикачил хидрофон на својата едрилица. Тој го снимил звукот на неколку средби меѓу Кајли и малите делфини во периодот од 2016 до 2018 година.

- Дефинитивно Кајли се идентификува како мал делфин - вели Наирн.

Мел Козентино, тогашен докторанд на Универзитетот „Стратклајд“ во Глазгов, преслушал илјадници разговори од снимките. Додека делфините речиси постојано свиркаат, малите делфини никогаш не го прават тоа. Наместо тоа, тие комуницираат исклучиво на екстремно високи фреквенции.

Козентино ги идентификува и вообичаените кликови со пониска фреквенција, но дури и кога Кајли се чинеше дека е сама, тој слушал кликови од 130 килохерци, фреквенцијата на која зборуваат малите делфини.  Истражувачите откриле и дека Кајли никогаш не свирка, како што тоа го прават другите делфини од нејзиниот вид.

Козентино забележал дека Кајли и малите делфини имаат ритам на „разговор“ што ги разликува членовите од истиот вид.

Не е јасно колку информации пренесува Кајли во нејзините обиди да зборува како мал делфин. Во секој случај, ваквото однесување е „обид“ да се пренесе дека „малите делфини веројатно препознаваат“, вели Херцинг, директор на истражување, кој го проучувал однесувањето на атлантските дамчести делфини на Бахамите повеќе од три децении.

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука