Неодамна научниците најавија дека пронашле фрагменти од изгубен континент под Мауртиус кој го именувале како „новиот“ континент Мауртија.
Фото извор: Nature Communications/CNN
За континентот се претпоставува дека се протега од Африка до Индија. Идејата потсетува на потонатиот град Атлантида, мистериозниот остров на Жил Верн или Островот на черепи на Кинг Конг. Името „новиот“ континент Мауртија го добил затоа што фрагментите се пронајдени на тропскиот рајски остров Мауртиус.
Геолозите ја делат земјата на две области, континенти и океани. Континентисе се и стариот дел каде што тие вршат истражувања. Она што е под океаните е релативно ново.
Новото откритие не е масивно парче земја до кое посетителите ќе можат да допловат. Тоа е парче од континент кое се заглавило кога стариот континент Гондвана се одделил од Индија, Африка и Мадагаскар. Како и сире острови, Мауритиус се формирал од вулкански ерупции исфрлани од дното на Индискиот океан додека лавата не се претворила во камен, на крај дозволувајќи да се создаде живиот свет.
За Мауритиус се карактеристични античките минерали наречени циркони, кои се радиоактивни, и по нив се доаѓа до заклучок дека ова парче земја е од пред околу 3 милјарди години, додека Земјата е околу 4,5 милјарди години стара.
Прв пат на островот Маурициус стапнале холандски морнари на 20 септември 1598 година. Иако Арапите, а подоцна и Португалците знаеле за
островот, никој не го населил. Потоа станал колонија на Холандија.
Ако сакате да уживате во ултра-луксузен хотел кој е изграден на западната страна на островот, резервациите ќе мора да ги направите однапред. Ако не, Ви преостануваат златно-жолтите зајдисонца и белите плажи.