X
 21.02.2021 Живот

Мистичен континент: Интересни факти за Антарктикот што веројатно не сте ги знаеле

Најјужната точка на планетата и единствениот ненаселен континент, Антарктикот, крие многу интересни, мистериозни предели. Зафаќа повеќе од 14 милиони квадратни километри, што го прави петти по големина континент во светот.

1. Сувите долини на Антарктикот се најсушните места на планетата. Поради ниското ниво на влажност во овој дел на континентот, снегот и мразот не можат да преживеат.

2. Антарктикот е најветровитото место во светот. Научниците што ја испитуваат оваа јужна копнена маса објавиле брзина на ветерот до 320 километри на час.

3. Антарктикот содржи околу 90 отсто од светскиот слатководен мраз и околу 70 отсто од светската слатка вода.

4. Научниците тврдат дека доколку мразот на западниот Антарктик се стопи, глобалното ниво на морето би се зголемило за околу 16 отсто.

1
Фото:  Freepik

5. Групата „Металика“ одржа концерт на Антарктикот во 2013 година и со тоа стана единствениот бенд што имал концерт на секој континент.

6. Хорор-филмот „Јужно од разумот“ од 2012 година беше снимен на Антарктикот.

7. Друга интересна географска карактеристика скриена под ледената покривка е езерото Восток, слатководно езеро закопано на 4 километри под мразот. Ова езеро е едно од 200 различни водни тела откриени под мразот.

8. Верувале или не, еднаш годишно се одржува маратон на Антарктикот.

9. На Антарктикот се наоѓа планината Еребус - најјужниот активен вулкан во светот.

10. Постојат 30 различни земји што работат со 80 истражувачки станици лоцирани низ целиот континент.

11. Во јануари 1979 година Емилио Марко Палма станал првиот човек роден на Антарктикот.

3
Фото: Pixabay

12. Поради наклонот на земјата, сонцето не изгрева на Антарктикот од пролетната рамноденица до есенската рамноденица, што значи дека континентот останува мрачен во текот на целата зимска сезона.

13. Просечната годишна температура на континентот се зголеми за 2,4 Целзиусови степени во последните шеесет години.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот