X
 09.05.2017 Технологија

„Facebook“ ги отстранува лажните вести пред изборите во Велика Британија

Од „Facebook“ соопштуваат дека социјалната мрежа отстранила повеќе десетици илјади налози од Велика Британија во рамките за борба против лажни вести во пресрет на парламентарните избори кои ќе се спроведат на 8 јуни.



Компанијата, исто така, во огласите на британските дневни весници, ги советува читателите на кој начин да ги воочат лажните содржини.

Како што е наведено, читателите треба да бидат скептични кога се во прашање насловите и да обрнат внимание на URL-то. Компанијата навела дека до унапредувањето дошло за налозите кои пласираат лажни вести да бидат поефикасно откриени.

Директорот на компанијата во Велика Британија, Сајмон Милнер, рекол дека платформата има намера да го открие коренот на проблемот и да соработува со други организации, со цел проверка и анализа на содржините во пресрет на изборите.

Милнер изјавил дека „Facebook“ прави се што може за справување со лажните вести.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија