X
 03.02.2017 Образование

Неопходни реформи во британските универзитети

Во последната деценија од нашето живеење направени се големи промени во однос на технологијата и начинот на живеење, а следните 10 години несомнено ќе бидат години на промени и реформи во многу сегменти меѓу кои и образованието.

оксфорд универзитет

Што се однесува до британските универзитети, веројатно е дека ќе се воведе поголема автоматизација на работните места и тоа со интелигентни машини, пребарувањето ќе биде онлајн, а не е исклучено и да се слушаат снимени предавања со помош на технологијата. Ќе се зголемува бројот на онлајн курсевите и нештата ќе бидат многу поинакви отколку денес.

Високиот образовен систем на Обединетото Кралство придонесува за околу 3% од бруто домашниот производ и 13% од интернационалниот пазар. Универзитетите не смеат да исчезнат заради други организации токму поради овие две причини. Тие играат голема улога во пазарот на трудот во Британија и нејзиниот развиток. Од последните истражувања се извлекол заклучок дека ако се посетува универзитет се заработува повеќе, и подолго време трае работниот однос во текот на животот, за разлика од оние кои не посетувале.

Како треба да се променат универзитетите во Британија?


Универзитетите мора да ги подобрат кадрите и да обезбедат курсеви на кои се добива знаење што не се наоѓа кога се пребарува онлајн. Така се обрнува повеќе внимание на квалитетот на курсот и искуството на универзитетот.Целиот сектор мора да биде поотворен за нови услуги.  Ова се однесува на компании како „Google DeepMind“ да навлезат во секторот и да понудат повеќе опции, натпревари и да ги мотивираат младите за иновации.

Лесно е да се размислува што го дефинира универзитетот во безвременска констанца, но овој пат Оксфорд и другите бритнски универзитети ќе мора да се подготват за големи промени кои се од суштинска важност за нивната иднина.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование