X
 07.06.2017 Живот

Победата на Трамп под знак прашалник?

Хакерите во руската воена известувачка служба се обиделе неколку пати да влезат во документите на американскиот избирачки систем пред претседателските избори во 2016 година, пренесува медиумската куќа „Интерцепт“, повикувајќи се на доверливи документи на Националната сигурносна агенција.


Според тој извештај, во чиј увид имал „Интерцепт“, операцијите со пиратерија во текот на три месеци до самиот ден на изборите на 8 ноември 2016, се однесувале на приватни компании кои имале список на избирачи. Хакирањето е тесно поврзано со руската воена известувачка служба и документ на Националната сигурносна агенција прецизира дали тие пиратски операции на било кој начин влијаеле на изборните резултати.

Американсите известувачки агенции навелче дека наводно руското хакирање не влијаело директно на победата на републиканецот Доналд Трамп, но дека тоа ја загрозило кампањата на неговата демократска противничка Хилари Клинтон.

Рускиот претседател Владимир Путин ги демантирал обвиненијата за мешањето во изборниот тек во САД наведувајќи дека хакерите можат да интервенираат секаде со било кој компјутерски систем. Тоа ново сознание доаѓа со престојното сведочење на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Комни, пред Сенатот, за наводното руско мешање во претседателските избори во САД.

Трамп во мај го смени Комни, кој ја водеше истрага за неговите врски со Русија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот