X
 24.05.2024 Здравје

Стоматолог предупредува: Претераното јадење на ова вообичаено овошје може да им наштети на вашите заби

Стоматолог открива која храна и пијалаци луѓето треба да ги избегнуваат бидејќи можат да ја нагризат глеѓта на забите и да предизвикаат нивно слабеење.

Имено, цитрусното овошје и пијалаците можат да предизвикаат еродирање на глеѓта на забите, што ги прави поподложни на расипување.

- Одредени намирници и пијалаци можат да бидат многу штетни за вашите заби поради нивната висока содржина на шеќер, киселост или потенцијалот да се залепат на забите и да предизвикаат кариес - истакнал д-р Сахил Пател од клиниката „Мерилебон Смајл“ во Лондон.

И покрај здравствените придобивки од овошјето, тој предупредил дека тоа всушност може да биде штетно за забите.

- Иако нуди нутритивни придобивки, цитрусното овошје, како што се лимоните, портокалите и грејпфрутот, содржат високи нивоа на киселина која може да ја еродира глеѓта. Но, пиењето цитрусно овошје преку сламка може да го намали контактот со забите и да го спречи ризикот од абење на глеѓта - потенцирал докторот.

Цитрусните овошја и пијалаци имаат комбинација од шеќери и киселини кои создаваат средина која е опасна за забната глеѓ. Глеѓта станува мека и може да еродира, што доведува до шуплини и трошење на забите.

- Ако вашиот појадок вклучува кисела храна или пијалаци (како цитрусно овошје или сок), најдобро е да почекате најмалку 30 минути по јадењето за да ги измиете забите. Миењето на забите прерано по јадење кисела храна може да ја ослаби глеѓта, бидејќи киселините привремено ја омекнуваат. Чекањето ѝ овозможува на плунката природно да ги неутрализира киселините - предупредил тој.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје