X
 15.05.2016 Наука

Пештерска уметност стара илјадници години веројатно не била направена од човек

Она што некогаш се сметале за најстарите уметнички дела кои биле направени во Германија можеби не е воопшто тоа. Истражувачи откриваат дека древни остатоци во пештерата Мендерел веројатно не биле направени од луѓето.


Според Џулија Блуменретер, истражувачка која ги анализирала цртежите во прашање за време на нејзината магистерска теза, тие веројатно биле направени од страна на природни сили. Нејзиното откритие не се согласуваат со заклучоците на археолозите кои први ги анализирале цртежите по откривањето во 2005 година и кои тврделе дека цртежите стари меѓу 14.000 и 16.000 години, биле цртежи од луѓе поврзани со плодност. Прелиминарниот извештај од тимот покажува дека цртежите биле не биле направени со остра алатка.

- Доколку овие линии биле направени од луѓето, би имало јасен доказ дека биле искористени алатки од Каменото доба, како и слични цртежи на други локации - објаснуваат истражувачите.

Фактот дека нема ниту еден сличен цртеж околу 75-метарската пештера посочува дека формите, кои се најдени на минерални остатоци, можеби воопшто не се стари уметнички дела.

Друг поголем доказ бил обезбеден од самата Блуменретер, која користејќи дигитална микроскопија и 3д-скенирање дигитално ги реконструирала линиите и ги споредила со други примери на пештерска уметност и заклучила дека тие цртежи веројатно не биле направени од човечка рака.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука