Денес е петок, 2 јуни 2017 година, 153-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:00 часот. Денот ќе трае 15 часа и 09
минути.
Врнежите од дожд кои што за вчера ги најавивме ни пристигнаа во
вечерните часови, па во поголем дел од ноќта имавме претежно облачно
време што ова утро ни носи и повисоки утрински температури. Насекаде во
овие утрински часови имаме претежно ведро односно сончево време.
МАКЕДОНИЈА – Денес во утринските и претпладневните часови ќе биде
претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Попладне
развој на нестабилност која што ќе услови нестабилно време со врнежи од
дожд. Најверојатно без врнежите од дожд ќе останат крајните западни како
и во Гевгелиско-Валандовскиот регион. Ќе дува доумерен слаб ветер со
променлив правец. Минималните температури од 9 до 18 степени, додека пак
максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ
индексот ќе има вредност 8.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови ќе биде
претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне нестабилно со
врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северен ветер. Утринската температура
од 15 степени, а максималната дневна до 31 степени. УВ индекс 8.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота умерено облачно и нестабилно
време со врнежи од дожд и грмотевици а локално е можна појава на
невреме. Максималните температури во опаѓање и ќе се движат од 20 до 30
степени. Во недела во утринските и претпладневните часови претежно
сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и
температури од 20 до 30 степени. Во понеделник и вторник повеќе сончеви
периоди но во попладневните часови повторно се очекува развој на
нестабилност која што ќе условува локални врнежи од дожд. Дневните
температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 22 до 32 степени,
односно од 23 до 33 степени.
Weather4all.com.mk